Промени тема
Контакт

Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
786367c7-87e4-4fe8-b797-16cb121c00c1

Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година.

Битиќи, во своето излагање истакна дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари, или 4% од БДП.

-„Но тоа е веќе над законски дозволената граница од 3%, односно максимум 3,5% во исклучителни случаи – а денес немаме ниту катастрофа, ниту глобален шок. Она што го имаме е криза во планирањето, криза во отчетноста и криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава“, посочи Битиќи.

Тој додаде дека дефицитот само од крајот на април до средина на јули е зголемен повеќе од двојно – од 13,4 на над 30 милијарди денари, што е јасен знак дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно.

— реклама —

Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува задолжувањето, и домашно и надворешно, со што се создава товар за идните генерации, а секоја нова обврзница и секој нов кредит значи помалку пари за училишта, здравство и инфраструктура.

„Со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, надворешниот за 1,38 милијарди, а најавено е и ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината. Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1% од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови кои не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста“ , нагласи Битиќи.

Toj истакна дека се дуплира ставката за набавка на автомобили, капиталните расходи, наместо да одат за болници, училишта или зелена инфраструктура, се пренасочуваат за набавка на возила.

— реклама —

„Се купуваат автомобили во вредност од речиси 900 милиони денари, во време кога капиталните инвестиции бележат ниска реализација од 28%, истакна Битќи, додавајќи дека Владата троши 1,8 милиони евра за 134 метри квадратни штанд на ЕКСПО 2027 – што значи 5.550 евра по метар квадратен, а со тие средства може да се обезбедат над 12.000 сензори за дијабетичари осносно да се опслужат 460 пациенти со дијабетес тип 1. Се кратат средствата за животна средина за 868 милиони денари, како и економската поддршка за мали и средни претпријатија, на кои и скромните 18.5 милиони денари им се ускратени на 11.5 милиони денари“ , рече Битиќи.

Битиќи нагласи дека владата најавува зголемување на пензиите, но реалноста е дека 92% од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе.

— реклама —

„Проекцијата за инфлацијата останува фиксирана на 2,8%, но реалноста е поинаква – минималната кошница се зголемила за 3.443 денари само во последните четири месеци, и за 7.000 денари во текот на една година“ , рече Битиќи,.

Животот поскапува, а платите и буџетските мерки не го следат тој тренд. Наместо мерки за заштита на куповната моќ – добиваме буџет без визија, без развојна насока и без слух за реалните потреби на граѓаните, нагласи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, од собраниската говорница на расправата за ребаланост на буџетот за 2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

„Во уште четири села е забранета водата за пиење – Мицкоски и Клековски ја отруја земјата“, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Македонија | пред 1 ден

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања