Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Fatmir-B-SDSM

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница за ребаланс.

Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.

— реклама —

„Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ - рече Битиќи.

Наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика – розово на хартија, а црвено во реалноста. Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели.

— реклама —

„Новото задолжување од 500 милиони евра и скриените долгови од над 700 милиони евра создаваат дополнителен фискален товар што ја загрозува економската стабилност и ќе мора да се решава во иднина.“

Разочарувачки е и нискиот степен на реализација на капиталните инвестиции – само 23%, далеку од ветениот „рекорден инвестициски циклус“. Реториката со алтернативни пресметки не го заменува вистинското отчетување.

Буџетот се користи како предизборно оружје: зголемувањето на пензиите и платите во јавниот сектор, растот на трошоците за договорни услуги и тројното зголемување на буџетските резерви укажуваат на непотизам, партиски вработувања и нетранспарентна потрошувачка, потенцираше Битиќи.

— реклама —

Во услови кога јавните финансии се загрозени, ова не е одговорно управување со државните пари, туку краткорочна партиска кампања со ризик за економската иднина на граѓаните.

„Во структурата на расходите се открива политичката агенда на Владата, која сè поотворено го користи буџетот за предизборна мобилизација. Зголемувањето на пензиите за околу 40 милиони евра укажува на ново предизборно зголемување кое не е резултат на одржлива реформа. Зголемувањето на платите за 14 милиони евра во јавната админстрација отвора простор за партиски вработувања, што ја поткопува институционалната професионалност и генерира долгорочни трошоци без развоен ефект. Особено вознемирувачки е скокот на расходите за договорни услуги за 30 милиони евра без зголемена отчетност, што отвора сомнежи за нетранспарентна и потенцијално коруптивна потрошувачка.“, рече Битиќи.

Сето тоа се дополнува со зголемени трансфери од 3,8% до локалната самоуправа и тројно зголемени буџетски резерви (од 200 на 595 милиони денари) без прецизни и таргетирани програми.

Во изборна година, ваквиот тренд повеќе наликува на финансиско вооружување за политичка потреба отколку на одговорно управување со јавните средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 16 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 18 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања