Промени тема
Контакт

Битиќи се сретна со новиот шпански амбасадор Лозано Гарсиjа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ZPVRSM-Bytyqi-Spain-Ambassador-Lozano-Garcia-5

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија во нашата земја Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, со кого разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи, му честиташе на амбасадорот Лозано Гарсија за новото именување, пришто му посака успех за време на мандатот и притоа ги истакна добрите политички односи помеѓу Северна Македонија и Кралството Шпанија.

— реклама —

Дополнително Вицепремиерот Битиќи се осврна и на потенцијалот на Северна Македонија како дестинација за странските инвестиции, бидејќи ние како земја со последните законски промени го имаме еден од најатрактивните пакети за поддршка на инвестиции во преработувачката индустрија, и истиот е целосно во согласност со ЕУ директивите.

Амбасадорот Лозано Гарсија го потврди интересот на шпанските компании за инвестирање во Северна Македонија, особено во секторите градежништво и во ИТ секторот каде се најприсутни до сега, како и потенцијалот во секторите за третирање на отпадни води и третман на цврст отпад за кои исто така постои голем интерес од нивна страна.

— реклама —

Соговорниците разговара за економската соработка помеѓу двете земји, при што е констатирано дека оваа година, има зголемена трговска активност во однос на претходните години.

— реклама —

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Лозано Гарсија за време на состанокот изразија обострана подготвеност да ги продолжат меѓусебните контакти со цел интензивирање на економската соработка и создавање на уште поцврсти односи помеѓу двете пријателски земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања