Промени тема
Контакт

Битиќи: Со овој буџет државата оди кон сериозна криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarypetnc2g8g2nq6kjCuVk

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 ја истакна сериозната состојба со новиот буџет, предупредувајќи дека со вака поставениот економско-фискален модел државата може да се соочи со сериозна криза, веќе за две години.

— реклама —

„Веќе ги гледаме последиците од моменталниот економско-фискален модел: каматните плаќања преминуваат во сериозна буџетска ставка и веќе достигнуваат околу 2% од БДП, односно околу 300 милиони евра. Тоа во структурата на буџетот од 6,7 милијарди е околу 4%. Капиталните инвестиции се само 9,7%, а ако продолжат новите задолжувања, моето предвидување е дека за две години ќе плаќаме околу 4% од БДП само за камати и провизии. Приходите, пак, не растат доволно. Ако продолжи ова темпо, за две години ќе имаме сериозна криза“, истакна Битиќи.

— реклама —

Тој потсети на фактот дека СДСМ имаше јасна визија за економски раст и стабилност, во економската понуда која партијата ја имаше на парламентарните избори лани.

„Ние зборуваме за минимална плата од 500 евра за првата година , и навистина сега ќе го имавме тоа,  а до крајот на  мандатот планирани беа 800 евра и императив од 900 евра при влез во ЕУ, затоа што нашите проекции беа дека до 2030 би станале членка на ЕУ. Кои се проекциите на сегашната влада? Еве денес слушаме изјава од министерот за економија, вели: ‘Не се секирајте, во март ќе имате 2 илјади денари повисока минимална плата’“, посочи Битиќи.

— реклама —

Тој предупреди и на ризиците од неодговорно управување со јавните средства и можната загуба на европски финансиски поддршки, посочувајќи дека случајот со Платежната агенција ја открива ранливоста на системот и непочитувањето на европските стандарди:

„Ако планираните инвестиции од 30 милиони евра не се реализираат, последиците се огромни. Можно е ЕУ целосно да го прекине или укине финансирањето, што би значело годишно губење од 120–130 милиони евра“, рече Битиќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Не работат скенери, томографи, фалат лекови - со Клековски и Мицкоски здравството е во хаос“, велат од СДСМ

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library8kqrs88r772q9V7xswt

„Нов ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии — следуваат нови долгови за граѓаните“, вели СДСМ

Македонија | пред 15 часа

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Предупредувавме, сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„Растот на платите е тема - а не дефокус со кратење на празници“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања