Промени тема
Контакт

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryv3617ak30n3uawjCgUR

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, на денешната седница за пратенички прашања, укажа  дека политиките на актуелната власт директно ја ограничуваат мобилноста на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за живот.


Во обраќањето Битиќи посочи дека покрај покачувањето на возачката дозвола за Б категорија за 30%, граѓаните кога сакаат да патуваат надвор од државата се соочуваат и со прескапиот документ-зелен картон. Во отсуство на министерката за финансии Гордана  Димитриеска-Кочоска, до која беше наменето прашањето, Битиќи побара писмен одговор на прашањето - кога ќе се укине зелениот картон и конечно ќе се стави крај на оваа скапа бариера за мобилноста на граѓаните.

„Ако во првото прашање зборував за тоа како државата им ја поскапува мобилноста на младите со 30% повисоки трошоци за авто-школа, морам да укажам дека истиот рефлекс на ограничување продолжува и кога некој граѓанин конечно ќе добие возачка дозвола. Наместо да се олесни циркулацијата на луѓе, идеи и труд, државата држи високо кренат уште еден бедем, а тоа е зелениот картон. Тој е претворен во постојан трошок за излез од државата, односно тоа е една симболична и финансиска рампа што ја плаќаат студентите од програмата „Еразмус“, сезонските работници, лекарите кои одат на обука во странство, семејствата што сакаат за викенд да прошетаат надвор од границите, некоја мала компанија која врши извоз на роба и  сака да внесе додадена вредност за нашата економија“, рече Битиќи.


Тој додаде дека ваквиот „данок на мобилност“ е дел од пошироката политичко-економска матрица на Владата.

— реклама —


„Овој „данок на мобилност“ не е изолиран административен куриозитет, туку спаѓа во истата политичко-економска матрица што ја гледаме во Предлог-буџетот за 2026 година, односно популистичка реторика за „грижа“, а во суштина преферирање на лесни приходи, непродуктивни трошоци и административна комоција пред структурни реформи и европска нормализација“, рече Битиќи.


— реклама —

Во обраќањето Битиќи посочи дека трошоците за живот растат по сите основи поради погрешните политики на власта, што на свој грб го чувствуваат граѓаните.


„Кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се фали со „дисциплина“, а истовремено пробива фискални правила и крати капитални инвестиции, граѓанинот го чувствува тоа на најконкретен начин, односно во секој дополнителен издаток што го казнува неговото право да се движи, да работи, да учи и да се поврзува. Зелениот картон, во таа смисла, е политика што ја прави границата поскапа, ја стеснува економската шанса на малите и ги демотивира токму оние кои ја движат економијата со својот труд“, посочи Битиќи.


— реклама —

Притоа, Битиќи додаде дека мобилноста е јавен интерес, а не привилегија, а државата бидејќи држи високи бариери за движење на луѓе, знаење и труд, не гради европска економија туку гради затворен круг на ниска продуктивност и висока фрустрација.


„Ако навистина сакаме да ги задржиме младите дома, треба  да им дадеме шанса на малите извозници, да го олесниме животот на работниците и на дијаспората, мора да престанеме да ја претвораме границата во каса“, рече Битиќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

„Во уште четири села е забранета водата за пиење – Мицкоски и Клековски ја отруја земјата“, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Македонија | пред 1 ден

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања