Биткоинот достигна рекордна вредност од 125.000 долари – највисока во историјата на криптовалутата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
bitkoin

Биткоинот, најголемата и најпозната криптовалута во светот, првпат во својата 17-годишна историја ја надмина вредноста од 125.000 американски долари, поставувајќи нов историски рекорд.

— реклама —

Според податоците на платформата CoinGecko, вредноста на биткоинот скокнала на нов максимум во текот на азиското тргување, со промет од речиси 50 милијарди долари во последните 24 часа.

— реклама —

Како што растел интересот и купувањето на инвеститорите, во само еден час биле изгубени околу 100 милиони долари во обиди за обложување на пад на вредноста на биткоинот, покажуваат податоците на CoinGlass. Во последните 24 часа, над 200 милиони долари од тие „кратки позиции“ морале да бидат затворени – што значи дека инвеститорите кои очекувале пад биле принудени да купуваат биткоин за да ги покријат загубите. Таа масовна присилна купопродажба дополнително ја зголемила цената.

— реклама —

Растот е поттикнат од комбинација на поволни глобални економски услови и сè поголем интерес од институционални инвеститори. Според повеќе аналитичари, побарувачката за биткоин веројатно ќе продолжи да расте, и покрај сигналите за забавување на крипто-пазарот од почетокот на неделата.

Само во последната недела, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 14 проценти. Според CNBC, скокот се должи на интересот на инвеститорите кои бараат „сигурно засолниште“ за своите средства, откако американските законодавци не успеаја да постигнат договор за федералниот буџет, што доведе до блокада на владините служби.

„Овојпат затворањето на владата има реално влијание“, вели Џеф Кендрик од Standard Chartered Bank. „Во претходното затворање за време на Трамп, биткоинот беше во поинаква фаза и не реагираше значајно, но денес неговото движење е многу поврзано со ризиците што ги носи американската економија.“

Од Standard Chartered предвидуваат дека биткоинот наскоро ќе достигне вредност од 135.000 долари, доколку се задржи трендот на раст.

Покрај криптовалутите, инвеститорите вложуваат и во злато како сигурна актива – цената на благородниот метал порасна за 0,5% и достигна 3.876 долари по унца. И индексите на берзите, како S&P 500 и Nasdaq, забележаа раст од 0,5% и 0,27% соодветно, што укажува на зголемена активност на пазарите и покрај геополитичките неизвесности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bitkoin

Криптопазарот без здив: Биткоинот го бележи најдолгиот негативен низ од 2018 година

Свет | пред 4 дена

Bitcoin-Gold

Биткоинот денес се тргува за 88.000 долари

Свет | пред 1 седмица

bitkoin

По период на стагнација, биткоинот бележи силен раст на азиското тргување

Свет | пред 1 месец

bitkoin

Пад на биткоинот: Цената падна под 75.200 евра, владее „екстремен страв“ на пазарот

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања