Промени тема
Контакт

Битола ќе организира дочек на Нова година со домашни пејачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bitola-1

Во Битола ќе се одржи еднонеделна програма и дочек на Нова година на платото пред Офицерски дом. Во тек е повикот за учесници. Според планот, тие претежно ќе бидат битолчани, додека странски гости нема да учествуваат. Настанот ќе се одржи во организација на Општина Битола.

Во Битола е повлечена ставката за новогодишно украсување поради енергетската и економската криза во државата. Но во меѓувреме се бараат приватници кои ќе помогнат во украсувањето на Широк Сокак и платото пред Офицерскиот дом.

— реклама —
— реклама —

„Сакавме да организираме програма, да ја тргнеме меланхолијата. Општината ќе издвои 1,2 милион денари само за програмата и техничка поддршка. Тоа се скромни средства и ги замолувме учесниците за разбирање. Ги поканувам сите културни работници, претежно битолчани да ја збогатат таа програма која една недела дена пред Нова година ќе биде во попладневните часови на платото пред Офицерскиот дом. Просторот ќе го украсиме во соработка со приватниот сентор“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

— реклама —

Пред пандемијата дочекотот на Новата година во организација на Општината се правеше на плоштадот Магнолија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања