Промени тема
Контакт

Бизнис со фотоволтаиции добива фирма која работи со марихуана, вели Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
22042021_PVRSM_FotovoltaiciBrvenica-1

Намената на фотоволтаиците е за Источна Македонија, за што има докази дека владата во заминување на Заев ги делела по премиум тарифа или електричната енергија произведена од нив да се откупува по повисока цена, а истата треба да ја добие компанија чиј управител е од Бугарија со сомнително бизнис потекло, а работи и со марихуана, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на радио Лидер.

Според него за ова има документација.

— реклама —

„Тоа е вистината. Но, очигледно е ова направено на одење. Некако тивко, што кажува дека се обидуваат да ќарат на одење и на бегање“, вели Николоски.

— реклама —

Тој објасни и дека состојбата со енергетиката е катастрофална.

— реклама —

„ЕЛЕМ не понуди следната година преку ЕВН да ја продава електричната енергија што значи дека од први јануари да нема електрична енергија. Не достави понуда затоа што не можат да произведат за 12 месеци следна година, туку за 10 или читајте за 6 бидејќи лажат. Така што Македонија е пред сериозна енергетска криза, бидејќи компаниите плаќаат 4 до 5 пати повисока струја или ако просечна компанија плаќала по 10 илјади евра сега плаќа по 40-50 илјади евра, а ќе го осетат граѓаните кога компаниите ќе почнат да ги отпуштаат бидејќи нема да можат да ги издржат трошоците“, рече Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања