Промени тема
Контакт

Благица Ласовска од Свети Николе, нов претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
blagica

Благица Ласовска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе е новата претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа беше избрана во стандардна партиска процедура на оваа носечка партиска функција откако поранешната претседателка Даниела Рангелова се повлече од функцијата по сопствена иницијатива.

— реклама —

Благица Ласовска е родена на 8.3.1970 во Штип. По националност е Македонка. Магистер по менаџмент во образование и образовни политики, УГД Штип.

Моментално таа е една од најангажираните пратенички во Македонското собрание со што претставува еден од носечките столбови во заштитата на интересите на граѓаните на Република Македонија.

— реклама —

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за нов Претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да ја назначи Благица Ласовска, која до сега беше ВД Претседател. Благица Ласовска е поранешен Претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на Извршниот Комитет на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница одлучи за Секретар за меѓународна соработка да го назначи Тимчо Муцунски. Тимчо Муцунски е докторанд и асистент на правниот факултет при УКИМ и поранешен заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски во изминатите години извршувал повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ, од кои член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, како и советник за меѓународни односи на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со искажаната доверба на Ласовска и Муцунски верува дека со својата посветеност и капацитет ќе ги исполнат целите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО ДПМНЕ .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања