Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Блупринт групата за постапката по трагедијата во Кочани: Државата треба конечно да покаже дека правдата не е апстрактен поим, туку процес што може да се види

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
IMG_5572

Блупринт групата за реформи во правосудството излезе со заедничка изјава во поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, кои на 17 август јавно сведочеа за своето искуство.

„Тие сведочат дека наместо да добијат разбирање и поддршка, се чувствуваат нападнати и изложени на различни притисоци, што уште повеќе ја зголемува недовербата кон институциите. Во вакви околности, потребен е особено сензитивен и одговорен пристап, кој ќе покаже дека државата ги слуша и ги зема предвид нивните стравови и грижи,“ се наведува во соопштението.

— реклама —

Групата посочува дека по завршувањето на истрагата и доставувањето на предметот во Основното јавно обвинителство, останува клучно постапката да се води целосно транспарентно и без притисоци врз семејствата, сведоците и сите вклучени.

— реклама —

„Недовербата што ја изразуваат родителите и јавноста е гласна и оправдана реакција која се базира на одамна изгубената сигурност во институциите. Државата треба конечно да покаже дека правдата не е апстрактен поим, туку процес што може да се види, почувствува и доживее,“ се нагласува во изјавата.

— реклама —

Воедно, апел е упатен и до медиумите да продолжат внимателно и одговорно да ја следат постапката, со почитување на достоинството на жртвите и нивните семејства, но и со упорност во откривањето на евентуални неправилности и притисоци. „Само преку внимателно известување и силна јавна контрола може да се обезбеди доверба дека правдата ќе биде достижна и достапна за сите,“ порачаа од Блупринт групата.

Изјавата ја потпишаа: Институт за човекови права, Македонско здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“, Институт за европски политики и Центар за правни истражувања и анализи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања