Промени тема
Контакт

BMW нема да го произведува новиот луксузен теренец, тврдат извори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-librarytchg839chcpvd2f3AWP
Photo by Artiom Vallat on Unsplash

BMW, според неофицијални информации, се откажува од развојот на нов теренец што требаше да биде директен конкурент на легендарната Mercedes G-класа.

Според порталот BMW Blog, проектот не го добил конечниот потпис од управата и најверојатно нема да влезе во сериско производство. Информацијата се темели на извори блиски до проектот, додека германскиот производител сè уште нема официјална потврда.

— реклама —

Новиот модел, познат под интерната ознака G74, наводно требало да биде развиен врз модифицирана платформа на BMW X5. Се шпекулираше дека ќе биде духовен наследник на моделот XM, чие производство се очекува да заврши во 2028 година.

— реклама —

Претходно, директорот на BMW M, Франк ван Мел, изјави дека не би бил против развој на моќен M теренец, а и минатогодишните извештаи укажуваа дека компанијата сериозно размислува за влез во сегментот на луксузни теренски возила.

— реклама —

Покрај BMW, интерес за овој сегмент покажуваат и други премиум производители, меѓу кои Genesis, Audi и Cadillac, кои сакаат да им конкурираат на моделите како Mercedes G-класа и Range Rover.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Volkswagen повлекува 208.724 возила поради сериозен проблем со управувањето

Магазин | пред 16 часа

— реклама —
media-librarykeg5tlm32u967UyNidx

Opel ја претстави новата Astra GSE Line со бензински, хибриден и електричен погон

Магазин | пред 1 ден

media-libraryua7icmq88ja02kBGO2y

Дачија откри: Ова е копчето што возачите најмногу го користат

Технологија | пред 2 дена

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

„Фолксваген“ постави три светски рекорди со електричен автомобил кој троши само 6,48 kWh на 100 км

Магазин | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања