„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бочварски: Бараме предлози како да го подобриме законот за дивоградби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bocvarski

По одбивањето на претседателот Стево Пендаровски да го потпише указот за законот за легализација на дивоградбите, власта ќе бара предлози од пратениците, експертите и јавноста за да се најде решение како да им се помогне на граѓаните, најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

— реклама —

Според министерот законот не идеален, има и слабости, има и добри страни со коишто ќе помогнеме, но ние сме овде и мораме да бараме решенија.

– Се останато е неприфатливо за државата да замижуваме пред проблемите и да ги ставаме под тепих или најлошо од се, да оставиме статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа, а впрочем граѓаните не бирале за да бараме решение на проблемите, рече Бочварски, на новинарско прашање, откако се вакцинираше против Ковид-19 на вакциналниот пункт во Штип.

— реклама —

Прашан дали со неопфаќањето на Охрид, Дебарца и Струга со овој закон се прави дискриминација и поради тие причини може да падне на Уставен суд, Бочварски укажа дека за овој регион заштитен од УНЕСКО има правила што треба да ги почитуваат сите, како и План за управување што прави разлика во однос на останатите градови што имаат само детални и генерални урбанистички планови.

-Таму дополнително во тој регион има и план за управување којшто не секогаш се поклопува со деталните урбанистички планови, така што од тој аспект правиме дистинкција во однос на тоа дали одреден објект во тој регион би имал штетно влијание врз животната средина и токму поради тоа имаме и посебен член во овој закон сакајќи да го заштитиме Охридскиот регион и културното и природното наследство на државата, изјави Бочварски.

Според него, граѓаните, субјектите, институциите,… имаат право да поднесат барање за оспорување и за оценка на уставноста на законот во тој дел, но од тој аспект смета дека ова е правилно решение за да се заштити регионот под УНЕСКО и таа одредба во законот воопшто не е спорна.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања