Промени тема
Контакт

Бочварски на работна средба со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија од Велика Британија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со специјалниот пратеник за трговија на Велика Британија за Западен Балкан, Мартин Викерс.

На средбата министерот Бочварски ги презентираше капиталните проекти што се реализираат во делот на железничката и патната инфраструктура, како и развојот на авиосообраќајот во земјата.

— реклама —

Посебен фокус на разговорoт се стави на изградбата на железничкиот Коридор 8, како и воведување на Интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10.

— реклама —

„Имав особена чест да разговараме за инфраструктураните проекти што ги реализираме во Република Северна Македонија. Оваа средба ја гледам како почеток на една нова соработка со сите заинтересирани компании од Обединетото Кралство што имаат интерес да се вклучат на јавните повици во реализација на проектите во патната и железничката инфраструктура“ - истакна министерот Бочварски по средбата.

— реклама —

Тој изрази благодарност до пратеникот Викерс, потенцирајќи дека ваквите средби се од голем интерес за двете земји заради поголема економска соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања