Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Бочварски од Софија: Даваме силна регионална поддршка за изградба на железничкиот Коридор 8 за побрз регионален економски развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19102021_MTV_Bocvarski_potpisuvanje-Memorandum-vo-Sofija_4

„Република Северна Македонија е силно посветена на евроинтегративниот процес и на интегрирање на транспортните системи со земјите од регионот и со транспортниот систем на Европската Унија“, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска престојува во работна посета на Софија, каде заедно со министрите за транспорт на Република Бугарија, Христо Алексиев, и Република Албанија, Белинда Балуку, го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за изградба и координиран развој на Коридорот 8.

„Железничкото поврзување кон Исток со Република Бугарија и кон Запад со Република Албанија е од клучно значење за развој на севкупниот железнички систем во Република Северна Македонија. Изградбата на нови пруги треба да овозможи забрзан економски раст на целиот регион долж Паневропскиот коридор 8“, истакна министерот Бочварски.

— реклама —

„Како земја аспирант за членка во ЕУ сме силно посветена на регионалниот развој преку изградба и моденизација на патната и железничката инфраструктура. Политиките што ги спроведуваме како Влада се насочени токму кон комплетирање на Коридорот 8.

— реклама —

Поради тоа, денеска овде во Софија заедно со моите колеги министри од Република Бугарија и Република Албанија го потпишавме Меморандумот за соработка со кој се залагаме за развој на одржлива патна и железничка инфраструктура на Коридорот 8.

— реклама —

На овој начин ја потврдивме заедничката волја и подготвеноста на сите нас за долгорочно планирање и координиран развој на Коридорот 8, со фокус на инвестициските проекти со најголема вредност за регионот“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Овој Меморандум дополнително ќе помогне за координација и спроведување на мерките за олеснување на транзитот на граничните премини и ќе обезбеди коридори со брз и непречен транспорт на стоки.

Приоритет е и постигнување на одржлива мобилност и висока ефикасност и квалитет на транспортните услуги на долг рок.

„Република Северна Македонија вложува силни напори во изградба и финализирање на транспортната инфраструктура на Оската Исток-Запад. Инвестициите што ги планираме за изградба и докомплетирање на железничкиот Коридор 8 надминуваат 1 милијарда евра.

Денешната средба и овој Меморандум е доказ на нашите цели и заложби, добрососедски односи и заедничката волја за изградба и комплетирање на железничкиот Коридор 8. Благодарност до моите колеги што сите заедно работиме на реализација на стратешките определби на нашите Влади за комплетирање на овој европски коридор“, истакна Бочварски во својата изјава по потпишување на трилатералниот Меморандум за соработка.

На средбата министерот ги потенцираше проектите што ги реализира Република Северна Македонија на Коридорот 8 во делот на патната и железничката инфраструктура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања