„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бочварски: Сметам дека сме во добра насока сите заеднички да креираме законско решение за бесправно изградените објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
foto-1

Министерството за транспорт и врски ја продолжува отворената консултација за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти, велат од министерството.

— реклама —

Денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средбa со Комората на овластени архитекти и инженери како и со граѓанските здрженија “О2” и “Форнт 21/42”.

На средбата се отворија низа прашања и предлози во насока на подобрување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.

— реклама —

“Денеска имав плодна дискусија со невладините организациии О2” и “Форнт 21/42” како и Комората на овластени ахритекти. Разговаравме за подобрување на Законот и сметам дека сме во добра насока сите заеднички да креираме законско решение кое ќе понуди фер можности за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти. Сите предлози внимателно ќе ги анализираме и се што е конструктивно решение ќе инкорпорираме во Законот, притоа ќе водиме сметка да го заштитиме јавниот интерес”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерството за транспорт и врски и во следниот период ќе продолжи со јавните консултации во насока на подобрување на Законот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања