Боемот: Париз нема лиснато со зденка и маслинка во 5 сабајле, затоа го сакам Скопје!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
image-156704

Една убава зимска, идилична фотографија беше инспирација за многуминина инстаграмџии и за еден убав пост на инстаграм.  Овој пат, Боемот е инспириран од снегот во Скопје за кој како што вели му дава една поинаква димензија на градот.  Креативен, директен и понекогаш провокативно искрен и овој пишува за Скопје и за неговите мани и доблести.

— реклама —

Првиот снег го разубави градот, предизвика насмевки кај скопјани, но и го засени целото ѓубре во градот и ги покри сите депонии, вели тој во својата инстаграм објава. Додава дека на момент забораваме на депониите, ѓубрето и нечистиот водух, а замислете секој ден да е вака – прашува тој.

— реклама —

Вели дека го сака Скопје, затоа што Париз нема лиснато со зденка и маслинка во пет часот на сабајле.

— реклама —

- „Во секој случај, Скопје навистина е приказна самиот по себе. Од Ѓорче до Ново Лисиче, од Козле до Радишани, од Драчево до падините на Скопска Црна Гора, преку Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел... Секое маало има свои урбани легенди, но и своја староградска приказна... Чаршија, Водно, Матка. Скопје има свои убавини кои ги нема никаде во светот„, додава Боемот.

Потенцирајќи ги стиховите „Скопје радост ти ќе бидеш“ вели дека ниту еден земјотрес, ниту една поплава, ниту една природна непогода не може да го сруши овој град, затоа што овој град одново ќе се крене.

Неговиот пост во целост може да го прочитате на неговиот инстаграм профил, каде има десетици, па и стотици приказни за Скопје, боемски и улични, за урбаното и боемското живеење на градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања