Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бог да и е напомош на Македонија и на граѓаните од први јануари, вели Лефков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lefkov05042021

Ние во моментот имаме три кризни состојби и треба да знаеме дека кризната состојба сама по себе е патологија, со која укажувате дека институциите и државата не се спремни да се изборат со таа криза, вели Миле Лефков пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

— реклама —

Лефков вели дека е направен преседан со продолжување на кризната состојба бидејќи македонското законодавство не познава кризна состојба која трае шест месеци.

— реклама —

Ние имавме во собрание државен буџет за 2022 година во кој што собранието немаше увид каде ќе се трошат средствата, а во исто време се донесе одлука за кризна состојба која што е невиден преседан бидејќи се продолжи за шест месеци, а нашето законодавство не познава кризна состојба која трае шест месеци, рече тој.

Лефков ја искоментира и изјавата на претседателот на Регулаторната комисија за покачување на цената на струјата, укажувајќи дека е загрижен со она со кое што ќе се соочат граѓаните од први јануари следнава година, како и дека во Буџетот за 2022 година не се предвидени средства за енергетската криза.

— реклама —

Ако зборуваме за цената на струјата, рекоа дека за 10 проценти ќе има покачување но ако внимателно ја проследите изјавата на Беслимовски кој го коментираше укинувањето на евтината дневна тарифа за која рече дека според пресметките, значи зборуваме за релевантни пресметки, доколку не се укинеше дневната евтина тарифа поскапувањето требаше да изнесува 14,85 проценти, што практично значи дека за секој наш граѓанин зголемувањето на цената комбинирано од зголемувањето од 10 проценти и укинувањето на евтината тарифа ќе изнесува 15 проценти. Дополнително ова се случува во моменти кога во државата имаме разгорена инфлација и дополнително ќе ги разгори инфлаторните текови, а во буџетот кој што се донесе за 2022 година немаме никакви мерки за справување со енергетската криза, меѓутоа немаме ниту анти инфлаторни мерки. Бог да и е напомош на Македонија и на граѓаните со она кое што се соочат од први јануари, истакна Лефков.

— реклама —

Апсолутно сум загрижен за состојбата. Ситуацијата е целосно урнисана, намалено е производството на електрична енергија и потрошени се огромни суми на државни пари и до денес ако погледнете од моментот на прогласување на кризна состојба ќе видите дека секој ден ја чини Македонија повеќе од 1 милион евра, нагласи Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања