Богдан Илиевски како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осуди говорот на омраза кон медицинските работници.
„И покрај правото на слобода на говор и јавно искажан став кое го ужива секој, и покрај тоа што докторите учеле психијатрија и знаат што се болести на умот и како делуваат, и покрај личниот став за недавање простор и фокус на малоумности, сакам да кажам, имајќи предвид дека и јас имам право на личен став, знам малку психијатрија, а малоумностите некогаш треба да се именуваат вистински, сите кои скандиравте Доктори Убијци сте за долго, сериозно и темелно лекување на психијатриска клиника. Фала и поздрав. п. с. Доктори, херои!!!“, напиша Богдан Илиевски.