„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Богдановиќ: Се надевам во новата програма проектите ќе бидат насочени кон паметно урбанистичкото планирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Izjava-Sasa-Bogdanovic-13.6-1

Саша Богдановиќ нема да биде во игра за нов мандат во Општина Центар на претстојните локални избори од редовите на СДСМ. Тој преку социјалните мрежи упати благодарност кон неговата матична партија.

— реклама —

„Би сакал јавно да се заблагодарам на мојата матична партија СДСМ за укажаната доверба и поддршката да бидам градоначалник на Општина Центар изминативе 4 години.

Тоа беше огромен предизвик за мене и задоволство да ја водам најурбаната и најмодерната општина и заеднички со граѓаните на Центар да креираме нова визија за општината по европски модели за работа и стандарди.

— реклама —

Им честитам на предложените кандидати.

Се надевам дека во новата изборна програма проектите ќе бидат насочени кон паметно урбанистичкото планирање на централното градско подрачје, хуманизација на просторот и ослободување на јавните површини, изградба на нови училишта и градинки, детски и спортски игралишта, реконструкција на улици, зголемување на јавното зеленило, како и реализација на проекти за #НулагГладВоЦентар, #ЦентарРециклира, #СмартЦентар, #ИОтпадотИмаВредност и #ЗеленЦентар.

Во изминативе 4 години докажавме дека работиме одговорно, посветено и транспарентно во интерес на нашите граѓани. Инвестиравме во инфраструктура за изградба на нови паркиралишта и резидентни зони за подобрување на условите со паркирањето во Центар. Инвестиравме во нови смарт проекти за #ЗеленЦентар и заштита на животната средина. Изградивме најмодерно училиште во нашата држава за современо образование, отворивме нова детска градинка, ги модернизиравме детските игралишта на цела територија во Општина Центар и отворивме нов Младински Центар – Матично, прогресивен симбол во градот за креирање на младинските политики и практики. Отворивме нов мултимедијален простор „Јадро“, платформа за независната културна сцена и граѓанскиот сектор за проекти во културата во разни уметнички дисциплини. Преку реализација на нашите инфраструктурни проекти, полека ја заокруживме целината што ја најавуваме, а тоа е Дебар Маало да биде резидентно маало. Започнавме со реализација на капиталниот проект за целосна реконструкција на „Мирослав Крлежа“ и пренамена на улицата во пешачка зона. Во завршна фаза сме од реконструкцијата на најголемата сообраќајница во Дебар Маало, улицата „Орце Николов“, која ќе добие нов модерен лик, зголемена безбедност за сите учесниици во сообраќајот и ослободување на јавните површини за стимулирање на пешаците и велосипедистите. И, по 12 години успеавме да ги вратиме надлежностите на општината и ја преземавме целосната контрола за користењето на јавните површини и поставување урбана опрема на одредени подрачја во Општина Центар. Обезбедивме нови специјални комунални возила за почисти улици и зголемување на јавната хигиена и чистота, изградивме многу нови маалски катчиња и простор за рекреација за жителите. И најважно, од мојот мандат па досега, наплатени се 4.000.000 евра по разни основи, судски пресуди и активирани банкарски гаранции.

Останаа и капитални проекти што не се завршени, како што се изградбата на новата детска градинка во населбата Пролет, изградбата на катната гаража, доградбата на училиштен објект во ООУ „Коле Неделковски“ и искрено верувам дека идниот градоначалник ќе ја продолжи нивната завршна реализиција.

Најискрено би сакал да се заблагодарувам на мојот тим и целиот колектив од општинската администрација, која што од самиот почеток веруваше во мене и со нивната поддршка и доверба, заеднички успеавме да реализираме 70% од изборната програма. Општина Центар никогаш не била во подобра финансиска и стабилна позиција, која има капацитет самостојно да ги реализира предвидените проекти. Затоа сум особено горд што заеднички успеавме.

Ви благодарам!

И за крај, голема благодарност до сите жители во Центар кои секојдневно наоѓаа време да ми се заблагодарат и да ми ја изразат поддршката и благодарноста за мојата работа. Вашите зборови и пораки беа потврда и најголема мотивација во мојот четири годишен мандат“, стои во објавата на фејсбук.

Денеска, СДСМ го соопштија својот кандидат за оваа општина. Се работи за Горан Герасимовски, име кое често се споменуваше и пред официјално да бидат објавени имињата на кандидатите за градоначалници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања