Богдановиќ: Заеднички да продолжиме со расчистувањето на урбанистичките прекршувања во минатото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Утринава, на заедничка прес конференција, градноначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска и останатите членови, најавија продолжување на започнатите активности, со цел расчистување на одредени предмети за кои општината веќе покрена конкретни постапки пред институциите.

— реклама —

Општина Центар до ДКСК достави извештај за повеќе предмети, кои доколку бидат расчистени од страна на останатите институции, ќе придонесат во решавањето на состојбата со урбанистичките планови кои Уставниот суд, после укинатата општинска одлука за неспроведување на плановите („мораториум“), ги прогласи за законски и важечки.

— реклама —

“Со предавањето на овие предмети мислам дека заедно со членовите на ДКСК ќе дадеме забрзан тек на работите, бидејќи со расчистување на тие предмети ќе успееме да докажеме одредени незаконски работи кои се случувале во минатото, а за жал денеска ги гледаме како последици. Најважно е сите процеси кои се водат пред сите институции, но и процесите кои ги води Центар да бидат јасни и чисти и точно да се знае каде се направени прекршувања и кој ќе сноси одговорност за нив“, изјави на прес конференцијата Богдановиќ.

— реклама —

Во периодот што претстои службите на Општина Центар и градоначалникот ќе продолжат со активности и поднесоци до сите надлежни државни институции, со единствена цел – расчистување на сите урбанистички прекршувања кои се случиле во 2012-та година и претходно.

фото: Општина Центар - Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања