Богески е наследник на Котлар во Државниот Архив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytl4opm1ih12d0lxGy0U

Димитар Богески е нов директор на Државниот архив на Македонија. Богески 19 години е вработен во Архивот и досега беше заменик-директор.

— реклама —

Тој доаѓа на местото на Наташа Котлар-Трајкова, која минатата недела во јавноста соопшти дека преку телефонски повик била разрешена од Владата.

— реклама —

,,За директорот Богески оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упати благодарност до досегашната директорка, за нејзиниот ангажман и придонес во изминатиот период“, соопшти Архивот.

— реклама —

Од Архивот велат дека целта на новиот директор е Архивот да биде отворен кон сите, да се слушнат различни идеи и решенија заради подобра и поефикасна работа.

Одлуката за разрешување на Наташа Котлар-Трајкова ја изненади јавноста, бидејќи важеше за човек близок до владеачката партија. Во 2021 беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kotlar-696x364-1

Котлар без пардон кон австрискиот претседател: Зошто не го осуди отрворениот настап на Бугарија за асимилација на сé што претставува македонско

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања