Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Богоев и за време на избори издавал градежни дозволи, обвинува Левица-Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
S.Bogoev

„Во октомври годинава, за време на кампањата за локалните избори, Стефан Богоев издал 27 градежни дозволи, покажуваат официјалните податоци објавени од Државниот Завод за статистика. Од вкупниот број на одобренија, 13 се издадени на деловни објекти, а вкупно ќе бидат изградени 73 станови односно 6.252 метри квадратни корисна површина“, велат од Левица-Карпош.

— реклама —

„Овие бројки покажуваат дека Општина Карпош е втората општина во скопскиот статистички регион според бројот на издадени одобренија за градење во октомври годинава. Доколку се анализираат и претходните месеци и години ќе се забележи дека Карпош е во континуитет на врвот на листата според бројот на издадени дозволи. Ова е вистински доказ за бетонизацијата со која се соочува општината, а на која сведоци се карпошани, и покрај демантирањата од досегашните градоначалници на Општина Карпош“, додаваат од Левица-Карпош

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања