Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Богоев склучил договор од 600.000 денари за печатење, обвинува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
DSC_86191

Уште еден скандалозен предизборен договор - Стефан Богоев како градоначалник на Општина Карпош на 30 август склучил договор за печатарски услуги во вкупна висина од 600.000 денари, велат од Левица.

— реклама —

„Овој договор е склучен на месец и половина пред одржување на Локалните избори на кои СДСМ повеќе од сигурно дека ќе ја добие казната од жителите на Општина Карпош, меѓудругото и за недомаќинското трошење финансиски средства на Општината.

Овој договор е уште еден во низата кој фрла сомнеж на вистинската потреба од вакви услуги. Претходно, Левица Карпош реагираше и за двата идентични договори „Изнајмување на техничка опрема и техничка поддршка за озвучување на настани, изнајмување на бина, осветлување и подвижна алуминиумска рампа“.

— реклама —

Во најмала рака, СДСМ и Стефан Богоев мораат да ја образложат потребата од вакви услуги и да одговорат дали со истите овие договори, со општински пари се плаќа кампањата на СДСМ во Општина Карпош. По падот на најголемите непријатели на Општина Карпош со сигурност ќе следи ревизија на сите јавни набавки“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања