Промени тема
Контакт

Богоев: Со барањето да нема техничка Влада, ВМРО-ДПМНЕ признава дека сега државата може да организира фер и демократски избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-1

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев при гостувањето во „Утрински брифинг “во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада потсети дека потребата за техничка Влада произлезе во 2015 година, како резултат од прислушуваните материјали, односно од она што го слушнаа сите, како се местеле избори, како државниот апарат, полицијата се злоупотребувала за време на изборниот процес.

Сега опозицијата бара да ја нема техничката Влада и мене ми е драго што тие со овој чекор, дали свесно или несвесно потврдуваат дека оваа Влада и оваа коалиција може и организира фер и демократски избори и сметаат дека со овој чекор нема потреба од техничка Влада што практично се докажа и во претходните изборни циклуси којшто ги организираше оваа Влада а ОБСЕ/ОДИХР и сите релевантни институции потврдија дека беа фер, слободни и демократски, нагласи Богоев.

— реклама —

Тој додаде дека техничката Влада, како Влада којашто треба да организира избори,  е резултат на договори и преговори помеѓу најголемите политички партии и е несериозно ВМРО-ДПМНЕ самоиницијативно да го прави ова, бидејќи не е дојдено така до решението за техничка Влада.

— реклама —

Изборен законик или во случајов закон за Влада каде што се во интерес измените на законот за Влада на организација на изборен процес апсолутно мора да биде со широк консензус, не само со политичките партии туку и со граѓанскиот сектор, нагласи Богоев, додавајќи дека има време до 2024 година кога може да се отпочнат овие процеси.

— реклама —

Тој нагласи дека крупните чекори во изведувањето и начинот на изведување на изборниот процес е несериозно една партија да ги предлага, една да ги гласа, секогаш е потребно да има широк консензус и дебата за вакви промени за тие да резултираат со кредибилитет на целиот изборен процес и изборниот законик и партиите да учествуваат на избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања