ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Богоев со делегација од Норвешка разговараше за мерки за ранливите категории на граѓани во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
bogoev-karposh

Социјалната заштита на локално ниво и отворање на Дневен центар за лица со посебни потреби, беа главните теми на денешниот разговор меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од градот Сандефјорд, Норвешка.

— реклама —

На средбата, градоначалникот Богоев ги презентираше социјалните политики што ги води Општината за ранливите категории на граѓани.

„Хуманитарните активности, донирањето на пехранбени продукти и финансиска поддршка за лекување на нашите сограѓани е нешто што Општината тековно го работи. Сепак, локалната самоуправа има реална потреба и од отворање на Дневен центар за лица со посебни потреби. Општината не е во завидна финансиска состојба, но вложуваме напори за подготовка на овој проект, знаејќи ја потребата од инклузија на овие лица во сите аспекти од општественото живеење“, рече Богоев.

— реклама —

Претставниците од Сандефјорд споделија искуства од својот град. Се интересираа за поделбата на надлежностите меѓу локалната власт и Министерството за труд и социјална политика, волонтирањето и општествената одговорност која треба да ја покажуваат повеќе чинители.

Градоначалникот Богоев сподели искуства и за проектот со лични асистенти за децата со посебни потреби кој се спроведува меѓу локалната самоуправа и UNDP. Исто така, повикот за општествена одговорност кон фирмите резултираше со опремување на голем број од детски установи – градинки со прочистувачи за воздух, со цел заштита на најмладите од аерозагадувањето.

На оваа соработка, претходеа и повеќе средби и работилници во ООУ „Братство“ кое претставува партнер училиште на НДЦ Скопје и во истото се спроведува концепт за интеркултурно образование, во соработка со Министерството за образование и наука, како и со Амбасадата на Норвешка во Република Македонија

На крајот од средбата, присутните изразија иницијатива за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете општини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања