Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Богоевски за имунитетот на Апасиев: Нема заштита надвор од Собрание, ниту од оперативно-тактички мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pavle-Bogoevski-10

Ајде сега збор-два за пратеничкиот имунитет, напиша на својот ФБ профил павле Богоевски.

Во објавата на Богоевски се вели:

— реклама —

Пратеникот ужива матерјален и формален имунитет. И двата вида се предвидени со чл64 од Уставот.

— реклама —

Матерјален имунитет е заштитата од кривично гонење за искажано мислење или глас во Собранието. Тоа значи дека пратеникот не може никогаш да одговара за кажан збор од говорница или гласање во собраниска постапка.

— реклама —

Затоа, никогаш не може да има кривична одговорност за „интонирање на албанска химна од говорница“ - нешто што „некоординирата опозиција“ не пропушта да го побара во секоја можна прилика. Ниту пак, може да има одговорност за гласањето за името - барање кое на димче редовно му ги влажни сништата и подига лајковите.

Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор. Освен ако не е затечен при вршење кривично дело за кое е предвидена казна затвор од мин 5 години, пратеникот не може да биде притворен без Собранието да му го одземе имунитетот.

И, толку. Пратеничкиот имунитет не обезбедува никаква заштита од други оперативно-тактички мерки и истражни дејствија (преглед на лице, превозно сретство и багаж) и не го опфаќа однесувањето надвор од Собранието и собраниската говорница - посебно ако начинот на однесување, или возење укажува дека навистина е потребно да се провери дали возачот е под дејство на алкохол.

Се’ друго е свесна манипулација со правото од позиција на авторитет и лечење на епски комплекси на пониска вредност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања