„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Богојески од Охрид најави проект за заштита на историското и културното наследство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Петар Богојески денеска во Охрид го реафирмираше минатогодишниот проект од Македонски концепт за изградба на автопат Велес – Прилеп – Битола – Охрид.

— реклама —

„Ќе се поврзат и Крушево преку Кривогаштани, Демир Хисар преку Бучин, Ресен, Македонски Брод. Тој проект го најавивме на самиот почеток од промоцијата на Македонски концепт минатата година… целосно оправдан од планираните капитални инвестиции во патната инфраструктура“, истакна Богојески во својот пост на социјалните медиуми. Македонски концепт на овие избори е под бројот 10 на избирачкото ливче. Последна шанса за нешто заедно да направиме за подобра држава е главниот слоган на партијата.

Македонски концепт од Охрид најави и проект за заштита на историското и културното наследство

— реклама —

 Македонскиот туристички бисер Охрид е најдоброто место за промоција на проектот на Македонски концепт за заштита на историското и културното наследство, како на градот така и во државата.

Тоа денеска од Охрид го порача, Петар Богојески, кој истакна дека „Македонски концепт” тоа ќе го изведе и реализира на начин поразличен од она што, како што рече, досега го правеле бандитите од претходните власти изминатите 30 години.

– Историското и културното наследство во земјата ќе го заштитиме вистински на начин како што налагаат европските стандарди. Устите ни се полни со ЕУ, а немаме ниту ронка од нашата одговорност и минимум европско поведение за тоа како треба да се однесуваме кон наследството. Нашиот проект за заштита на историјата ќе биде суштински за отпочнување вистинска ренесанса за презентација на македонското културно и историско богатство пред светот, рече Богојески.

Тој истакна дека туризмот после земјоделството треба да биде втората суштинска гранка за развој на стопанството во земјата.

– Охридскиот регион преку туризмот може да го храни македонското образование и здравство. Да имаме достоинствено здравство, претходно треба да создадеме достинствен туризам, рече тој.

Носителот на Изборната листа на Македонски концепт за 5 ИЕ, Стево Наскоски, ги повика охриѓани да ја искористат „последната шанса” за решавање на проблемите во градот, но и поширокиот регион на Охридското Езеро.

– Ние нудиме шанса за комплетирање на заштита на езерото од отпадни води, преку прочистетлни станици на деловите на езерото што не се поврзани со Колекторот. Тука е и проектот „Охрид град музеј” за конзервирање и реновирање на објекти од културно изториско значење во градот со средства од државата.

„Македонски концепт” нуди промени и последна шанса за Охрид, Струга и Македонија, изјави Богојески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lulieta

Лулјета Ајрулаи: „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, еве што предлагаме…

пред 5 години

mak-koncept

(ВИДЕО) Со јавни работи за земја без отпад – чистење на каналите и управување со отпадот

Актуелно | пред 5 години

todor

(ВИДЕО) Иваноски: Еве зошто да гласате за бр. 10 за Македонски концепт“

Актуелно | пред 5 години

boskoski

Целта на Македонски концепт е Закон за пратеници волонтери со кој пратениците нема да се богатат и ќе работат за граѓаните

Актуелно | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања