Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Богојески пријавен дека се заканувал на медицинари во Клиниката за кардиологија, тој вели „Животот на мајка ми беше загрозен“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
Screenshot-2025-02-18-at-20.51.32

МВР постапува по пријава дека Петар Богојески упатувал закани кон медицинска сестра и друг вработен на Клиниката за кардиологија во Скопје, на 18 март околу 23:35, во Комплексот „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Богојески ги демантира наводите и тврди дека мајка му била загрозена поради непрофесионално постапување на персоналот. Најавува/поднесува кривична и дисциплинска постапка и постапка за дискриминација. Случајот е во тек.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за внатрешни работи информира дека се постапува по пријава за закани упатени од политичарот и професор Петар Богојески кон медицинска сестра вработена на Клиниката за кардиологија во Скопје.

— реклама —

Според МВР, на 19 март во 02:20 часот, 42-годишна медицинска сестра од кумановско пријавила дека претходната вечер, околу 23:35 часот, додека била на работното место во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, Богојески, кој бил во придружба на женско лице, упатувал закани кон неа и кон друг вработен.

„На 19.03.2026 во 02:20 часот во СВР Скопје, М.И.(42) од кумановско пријави дека на 18.03.2026 околу 23:35 часот додека била на работното место како медицинска сестра на Клиника за кардиологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, П.Б.(49) од Скопје, кој бил во придружба на женско лице кое дошло на преглед, упатувал закани кон неа и кон друг вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

— реклама —

По објавата, Богојески остро ги демантираше наводите, оценувајќи ги како „невистинити, тенденциозни и злонамерни“, и обвини за клевета и инсинуации.

„Од причини на клеветнички тврдењата и инсинуации изнесени од самонаречени новинарчиња, осудени за рекет и огнено оружје, го прекинувам молкот поради празникот Рамазан и ја известувам јавноста дека животот на мојата мајка беше загрозен поради непрофесионално постапување / непостапување од страна на медицински персонал во Клиниката за кардиологија во Скопје, по што состојбата и се влоши и истата е хоспитализирана на друга клиника во тешка животно загрозувачка состојба.... Започнати се следниве постапки: ривична пријава и иницирање дисциплинска постапка против вработено лице во Клиниката за кардиологија, како и против сите други лица за кои ќе се утврди инволвираност од страна на МВР и ОЈО, поради основани сомненија за: • злоупотреба на службена положба и овластување; • непружање итна медицинска помош на лице во животно загрозувачка состојба; • несовесно и нехумано постапување кон болно и немоќно лице; • дејствија и пропусти со кои е влошена здравствената состојба на пациентот и е загрозен неговиот живот; • одбивање да се постапи по професионална и медицинска обврска; • непостапување по насоки на доктор и прекин на преглед надвор од здравствен протокол; • овозможување привилегиран пристап на друго лице на штета на пациент во животно загрозувачка состојба; • вербални навреди и закани кон болно лице и членови на неговото семејство; • предизвикување трајни и непоправливи последици по здравјето на пациентот кој потоа бил згрижен на друга клиника. 4. Постапка за заштита од дискриминација пред надлежните институции по политичка, етничка и верска основа од страна на вработени лица во Клиниката за кардиологија, спрема пациент во животно загрозувачка состојба“, стои во објавата на Богојески.

Случајот е во тек, а се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

skopje-zagaden-vozduh-magla-1

Скопје не е под магла, туку во гасна комора – секој здив е ризик, тивко труење, вели Богојеси

Коментари | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-09-at-16.19.18

Петар Богојески заминува од директорското место во Националната агенција, по речиси три месеци директорување

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-09-at-16.19.18

Богојески е милионер: новиот директор има биткоини, земјиште, влог во американски фонд, девизни сметки

Македонија | пред 10 месеци

bogojeski

Богојески се огласи откако стана директор: Прифатив поради сериозните задачи што произлегуваат од образовниот сектор

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања