Богојески: Силјановска сее лажна надеж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
petar-bogojeski

Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека претседателскиот кандидат на оваа партија, Гордана Силјановска, сее лажна надеж во врска со нејзинот однос кон новото име на државата. Според Богојески смешно е тоа што Силјановска ветува дека како претседател ќе формира група од експерти која ќе изврши ревизија на Договорот.

— реклама —

-Тоа е смешно тврдење и сеење лажна надеж. Скапо ќе го платиме тоа за врема на следните парламентарни избори бидејќи граѓаните ќе станат свесни дека тоа е невозможно сега во овој историски контекст и ќе си ја побараат сметката за тоа. Мора да најдеме начин професорката Силјановска да ја направиме свесна и за долгорочните интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам колку е свесна но со тие изјави кои ги дава ги затвора вратите на ВМРО-ДПМНЕ и тие врати после тешко се отвораат. Откако е Мицкоски лидер свесни сме дека е тешко тие врати што ги затвори Груевски да се отворат. Наместо професорката Силјановска да води модерна кампања и да понуди дополнителна вредност, ние одиме во екстреми кои дополнително ги затвораат портите – рече Богојески во вечерашната дебата на „Само вистина“.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ започна со користење на терминот „Република Северна Македонија“ во официјалната комуникација со државата, преку поднесување на амандманите за Законот за јавно обвинителство.

— реклама —

-Збунувачки делува за нашите членови, од една страна го користиме новото име, од друга страна кандидатот ветува дека нема да го употреби, ниту да го изусти тој термин. Треба да се соочиме со реалната политика и ни требаат храбри чекори – посочува Богојески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања