„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бојкот во училиштето „Лазо Ангеловски“, министерката вика: „случајот со детето со насилно поведение добил преголема, непотребна јавност и обем“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vesna-janevska

Министерката за образование Весна Јаневска смета дека „случајот со детето со насилно поведение добил преголема, непотребна и до некаде неправедна јавност и обем“. Таа смета дека „ако поради детето се отпишувале други деца од училиштето, тогаш вината не треба да се бара во учениците ниту кај родителите“, туку треба да ученикот да му се овозможи да учи и да му се помогне.

— реклама —

-Секое дете во земјата има право на образование. Образованието е задолжително. Фокус на образовниот систем е детето, кое и да е и што да му се случува во животот во системот на државата треба да си најде место. Државата е должна заедно со училиштата да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес. Сметам дека е пренагласена реакцијата на сите родители но и дека училиштата треба посериозно да ја сфатат работата околу децата со потешкотии во учењето или имаат потешкотии во однесувањето и социјализацијата. Овој случај трае премногу. Преземени се одредени мерки па дури и МОН формира комисија која се вмеша во решавањето на проблемот. Препорачано е детето да ја промени средината. Ако стручни лица тоа го препорачуваат значи така треба да биде. Училиштето од кое потекнува детето има педагог, психолог, социјални работници и цел систем кои треба да го реши проблемот. Било кое училиште во кое оди детето ги има истите служби и цел систем на располагање. Детето не смее да остане на улица, рече Јаневска.

Да се бојкотира наставата и ниту еден ученик да не оди во училиште од утре до решавање на проблемот со насилниот ученик од трето одделение, одлучи Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ во скопската општина Аеродром на вечерашната вонредна седница.

— реклама —

„Согласно донесената одлука апелираме како совет утре сите ученици да останат дома и да им дадеме можност на надлежните да изнајдат решение за проблемот со кој се соочуваме а од кое ќе бидеме сите задоволни и ќе ги пуштиме нашите деца на настава без притоа да се грижиме дека истите безбедно ќе се вратат дома. Одлуката за бојкот се однесува за 5.12.2024 година – четврток и важи за сите одделенија од 1-во до 9-то. Во текот на утрешниот ден, допопнително преку преставниците, ќе биде споделена информација до сите вас за преземените чекори кои ќе се однесуваат на периодот кој следи“, се наведува во заклучокот на Советот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања