Промени тема
Контакт

Бојковски: Скопје се дави во ѓубре и тоа е поважна тема од јавниот линч што го правите против претседателот на Управен одбор на Комунална Хигиена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bojkovski

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски истакна дека седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи поради тоа што Советот нема право да разрешува претседател на Управен одбор.

— реклама —

„Седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи затоа што немаме право да разрешиме претседател на Управен одбор. Прва работа кој гласал, гласал. Втора работа, ако е исто Управен одбор член и претседател на Управен одбор тогаш зошто се бира претседател на Управен одбор? Исто било да си член на Управен одбор и претседател на Управен одбор.

— реклама —

Претседателот на Управен одбор го гласа управниот одбор на Јавното комунално претпријатие. Трета работа, ако има претседателот или членот на Управен одбор кривично дело каде што има забрана за вршење на дејност тогаш може да се разреши по закон, а не овде да го разрешуваме“, рече Бојковски.

— реклама —

Бојковски запраша дали доколку се смени претседателот на Управен одбор, тогаш мислите ли дека ѓубрето утре ќе го нема низ Скопје и мислите дека претседателката на управниот одбор е виновна за ѓубрето?

— реклама —

„Овде тенденциозно е намерата да се разреши претседателот на Управен одбор на комунална хигиена, тенденциозно се оди на личност, да се деградира таа личност што не е во ред затоа што таа нема забрана за вршење на дејност што е сега претседател на Управен одбор и може да биде претседател на Управен одбор и не е оправдано вашето барање на свикување на седница каде претседателот на Управен одбор ние ќе го менуваме зошто? Зошто така сакаме. Оправданоста на свикување на седницата како точка не е на дневниот ред, туку за свикувањето на седницата, не е оправдано затоа што нема забрана за вршење на дејност“, заклучи Бојковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 3 дена

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања