Бојмацалиев: ЕВР Ѓорче Петров со 50% реализација на кривични дела по службена должност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
mitko-bojmacaliev-2

Денеска (14.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работна средба со раководството на Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при Секторот за внатрешни работи Скопје, во рамки на серијата посети на организационите единици при МВР на територијата на целата државата, со цел согледување на сработеното и маркирање на идните активности.

— реклама —

Полициската станица во Ѓорче Петров е дел од планот за квалитативно унапредување на работните услови на вработените, како нова градба  која беше пуштена во употреба кон крајот на 2017 година од поранешниот министер Спасовски, со што значително беа подобрени работните услови на вработените. Во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите и средствата за работа се и 80-те комплетно реконструирани полициски објекти низ државата, а во тек е целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово и Управните служби во МТВ, како и нова градба на полициска станица во Аеродром. Воедно, пред околу три месеци беа промовирани 20 комбиња наменети за СВР Скопје, од кои дел беа предадени на ЕВР Ѓорче Петров, во насока на модернизирање на опремата на полицијата на ова подрачје.

— реклама —

Од страна на раководството на ЕВР Ѓорче Петров, Бојмацалиев беше брифиран за поволната безбедносна состојба на подрачјето во надлежност на оваа организациска единица, како и за резултатите во изминатите два месеци од 2024 година.

— реклама —

„На подрачјето на ЕВР Ѓорче Петров во текот на јануари и февруари 2024 година евидентирани се 103  кривични дела по службена должност или 15% од евидентираните кривични дела по службена должност на СВР Скопје. По структурата на криминалитетот, најголем дел се за тешка кражба, загрозување на безбедноста на сообраќајот, како и измами и разбојништва”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој информираше за реализацијата на кривичните дела.

„За овие два месеца реализирани се вкупно 48 кривични дела, против 35 сторители, за што се поднесени 43 кривични пријави, или тоа значи 50% реализација на кривичните дела”, рече Бојмацалиев, со уверување дека вработените во оваа организациска единица ќе продолжат со засилено темпо во расветлувањето на кривичните дела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mitko-bojmacaliev-2

Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље

Македонија | пред 1 година

IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев од Оперативниот Штаб на МВР: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања