Бојмацалиев: МВР е целосно спремно за изборниот процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mitko-bojmacaliev-2

Во интервјуто за ТВ Тера и прашање дали полицијата се подготвува за изборите со нивното наближување и зголемување на политичките тензии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев потврди дека министерството за внатрешни работи е во интензивни подготовки и спремно да го гарантира мирното одржување на изборниот процес.

— реклама —

„Од вчера од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски е формиран централниот штаб кој ќе ги следи изборите. Дадена е насока на сите СВР-а, ќе формираат и подштабови, така ќе ги собираме информациите од локално кон централно ниво, за локални појави ќе си носи одлука локалниот штаб, за поголеми случувања а се надевам дека нема да ги има ќе носи централниот штаб како ќе постапува македонската полиција и тоа е во исклучива надлежност на на БЈБ Сашо Тасевски.“, дециден беше Бојмацалиевб.

— реклама —

Тој потврди дека на денешнините состаноци со раководството на СВР Битола е потенцирано дека безбедносната состојба во Битола е на задоволително ниво, има опаѓање на криминалитетот, опаѓање на сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди што дава една добра слика дека македонската полиција на територија на СВР Битола си ја врши добро својата работа и граѓаните ги почитуваат законите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mitko-bojmacaliev-2

Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље

Македонија | пред 1 година

IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев од Оперативниот Штаб на МВР: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања