Промени тема
Контакт

Бојмацалиев на терен на ГП Делчево: Со специјални возила со термални камери и уреди ја гарантираме граничната безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3269

Денеска (01.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски беше на терен на македонско-бугарската граница, при што оствари работна средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи ИСТОК и Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Делчево” на која беше брифиран за активностите на Регионалниот Центар за Гранични работи - „Исток“ за Првото тримесечје од 2024 година.

— реклама —

„Бев информиран дека имаме зголемување на протокот на патници за 11%. Притоа, имаме и намалување на криминалитетот на државна граница за 25%, намалување на бројот на откриените фалсификувани Патни исправи и други документи за 15,38%, што се должи на опремата за детектирање на лажни или фалсификувани исправи. Понатаму, имаме намалување на илегалните минувања на Државна граница (лица) за 24,32 %. Исто така, имаме зголемување на бројот на настани по оперативна активност Гора за 100 %, и зголемување на количината на запленети дрва за 41,4%”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите.

Бојмацалиев рече дека државната граница е безбедна и со дигитална опремав која вклучува специјални возила за надзор, како и уреди и камери за дневно и ноќно снимање, при што безбедноста е гарантирана.

— реклама —

„Користиме Систем MSS ( Mobile Surveillance System ) донација од ЕУ, Мобилен систем за надзор 300.000 евра едно возило, 3.000.000 евра 10 возила со термални камери долг домет од 10км. Вакави возила имаме две во Богородица и по едно во Меџитлија, Дојран, Ново Село, РЦ ИСТОК во Делчево, РЦ ЗАПАД во Охрид, Стење, Блато, Сопот”, појасни Бојмацалиев, појаснувајќи дека возилата имаат термални камери и се следи секое движење, при што се праќа сигнал и се алармираат службите.

— реклама —

„Воедно, сите станици имаат извидувачки камери што регистрираат движење и праќаат слика, по 4 по секоја станица со набавени СИМ картици за пренос на сликата од камерата до дежурниот и други адреси на кои е сетирана камерата

На Богородица имаме и стационарен центар за надзор на Вршник Бара опремен со радар, термална и дневна камера со долг домет од 10 км”, рече Бојмацалиев.

— реклама —

Бојмацалиев додаде и дека се очекува и пристигнување на 8 дрона за надзор со што сериозно ќе се унапреди граничната безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mitko-bojmacaliev-2

Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље

Македонија | пред 2 години

— реклама —
IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Бојмацалиев од Оперативниот Штаб на МВР: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања