Промени тема
Контакт

Бојмацалиев со честитка по повод 43 години постоење на САЕ Тигар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Денеска одбележуваме 43 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица Тигар - непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја.

Специјалната антитерористичка единица - Тигар, претставува пример за високо ниво на обученост и професионализам, со подготвеност да се справи со секој предизвик што може да го загрози безбедноста на нашата земја и граѓаните. Единицата е резултат на заедничките реформски напори за целокупно унапредување на Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи технички, материјални, професионални и организациски аспекти, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.

— реклама —

Почитувани припадници на САЕ Тигар,

Вашите посветеност, обученост и способност да реагирате во најтешки ситуации ве прават да бидете нашиот најголем адут во борбата против криминалот и тероризмот. Одлучноста да работите како тим дава резултати признаени на меѓународно ниво.

— реклама —

Со секоја оперативна активност ги демонстрирате вашите способности и ангажман за одржување на мирот и стабилноста во нашата земја, особено преку „Безбеден град”, со што покажавте дека македонската полиција е чекор пред криминалците.

— реклама —

Во свое и во име на мојот тим во МВР оддавам признание за тоа дека вашиот пример на храброст и посветеност е историски.

Да живее САЕ Тигар!

— реклама —

Да живее македонската полиција!

Да живее Република Северна Македонија", изјави Бојмацалиев, дополнителен заменик министер во МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mitko-bojmacaliev-2

Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље

Македонија | пред 2 години

— реклама —
IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Бојмацалиев од Оперативниот Штаб на МВР: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања