Бојмацалиев: Зголемен број на жени во специјалните единици, а на раководни позиции во МВР остварен сооднос од 50-50

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Денеска, (08.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ги посети припадничките на Одделот за специјални полициски операции - Специјалната антитерористичка единица ТИГАР и Единицата за брзо распоредување, а по повод Меѓународниот Ден на жената - 8 Март, при што го честиташе празникот со цвеќе во знак на почит и благодарност за посветеноста во службата.

— реклама —

„Како напредна и прогресивна држава, ние се стремиме кон целосна рамноправност меѓу половите. Освен што треба да создадеме услови за жените да можат подеднакво да аплицираат за работа во полициската служба, треба заедно да работиме на елиминирање на состојбите што ги спречуваат жените да ја изберат безбедноста како своја професија", истакна Бојмацалиев. Притоа, тој рече дека изминативе години МВР оставри напредок во однос на унапредување на правата на жените.

— реклама —

„Во изминатите години, направен е значителен напредок во МВР, преземени се конкретни чекори во создавањето на економски силни и самостојни жени - зголемен број на жени на раководни позиции (сооднос од 50-50), како и во специјалните полициски единици, во ЕБР и САЕ ТИГАР. Покрај тоа што имаме еднаквост во одлуките, со новиот Колективен договор во МВР жените во полицијата се поддржани како мајки, со паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност", истакна Бојмацалиев, додавајќи дека целта е да се создадат задоволни полициски службеници кои работат за подобро општество на сите, да се забрза прогресот и да се овозможи иновативниот потенцијал на жените да биде двигател на промените.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mitko-bojmacaliev-2

Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље

Македонија | пред 1 година

IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев од Оперативниот Штаб на МВР: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања