Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Боки 13 доби ослободителна пресуда по години судење за Меѓународен сојуз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
IMG_3884

Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

— реклама —

„Ете, правдата е спора но достижна! Апелациониот Суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од 5 години!!“, објави Дуковски.

— реклама —

Одлуката претставува нов пресврт во предметот кој со години се водеше против Јовановски и повеќе други обвинети за наводни финансиски злоупотреби поврзани со невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Во претходната постапка, Апелациониот суд веќе ја потврди ослободителната пресуда за поранешната пратеничка Фросина Ташевска-Ременски, додека првичните пресуди за дел од останатите обвинети беа укинати и предметот беше вратен на повторно судење.

— реклама —

Во октомври 2025 година, по повтореното судење, Јовановски беше осуден на пет години затвор за измама и перење пари. Според денешното соопштение на неговиот адвокат, таа пресуда сега е преиначена во ослободителна.

— реклама —

Дуковски ја поздрави одлуката со оценката дека по лошо обвинение следува ослободителна пресуда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

277921692_356670213175720_235751929569841241_n

„Правдата е спора, но достижна“, вели Боки 13 по ослободителната пресуда

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryiblnp0ssns54boEWJkp

(Видео) Боки 13 настапи со Карлеуша во „Јане Сандански“, ја изведоа „Калигула“, па тој ја пееше „Све“ и „13 причини“

Сцена | пред 2 седмици

media-library2668f2mn3o423d6lOcb

(Видео) Неславен крај на настапот на Боки 13: „Паднав и се утепав – нога, рака, лакт“

Сцена | пред 1 месец

media-libraryeki10q5gh4a8f01EWuu

Боки 13 воодушевен од спектаклот со Карерас: „Вакви вечери ѝ прилегаат на Македонија“

Вирално | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања