Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Боки 13 и Зоки Кичеец барале 8 милиони евра за да запрат истражна постапка против бизнисмен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zoki-kicheec-boki-13-960x564

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, користејќи ја блискоста со јавен обвинител ветувал на познат бизнисмен дека ако му плати 8 милиони евра, ќе ја запре истражната постапка која се водела против него. На Јовановски му помагал бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец. Двајцата се сомничат за дело „Примање награда за протизаконито влијание“.

— реклама —

„Од месец ноември 2018 до месец април 2019 година првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставувал меѓусебен контакт меѓу првоосмничениот и осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосмничениот врз јавниот обвинител и за посредувањето во два наврати примиле еден милион и петстотини милиони евра“, соопшти Вилма Русковска.

На средбите меѓу Јовановски, Кичеец и сопругата на бизнисменот, а некогаш и бизнисменот, било договорено да се исплати 5 милиони евра за „да се изнајдат олеснителни околности“ во постапката против него. Јовановски и Кичеец, од бизнисменот успеале да земат само еден милион евра.

— реклама —

„При овие средби, од сведокот биле побарани 8 милиони евра за да се запре истражната постапка, а доколку постапката не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности, сведокот требало да исплати 5 милиони евра, со тоа што веќе дадените еден милион евра во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат на рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично правниот настан, повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока“

Со средствата кои Јовановски ги земал, плаќал одмори, купувал облека и други предмети. Обвинителството го гони и за кривично дело „перење пари“ бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања