„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Боки 13 по пресудата за „Плацови на Водно“: Дајте мене осудете ме на уште една казна затвор за сите криминали на Камчев за да го спасиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
boki-orce-327783278732-1

И Бојан Јовановски-Боки 13 ја искоментира пресудата за „Плацови на Водно“, каде меѓу другите, беше обвинет и првостепено осуден, Јордан Орце Камчев, кој пак, беше поднесител на пријава за „Рекет“. Боки 13 се смее и вели: „Денешната пресуда, да не беше судска трагедија, навистина ќе беше прав театар комедија!!!“.

— реклама —

Бит пазар е комшиски поврзан со Основен суд Скопје 1 и Обвинетелството на Русковска, но не само комшиски, туку и суштински, бидејки вакво апла пазарење, нема ни на Бит пазар, во смисла на изречените смешни казни од по 1-на година и условни казни... ( тоа е, кога ти е Русковска жирант и кога од нејзе чекаш гаранции, си добиваш 1 година која никогаш нема да ја лежиш )

„Бит пазар е комшиски поврзан со Основен кривичен суд Скопје 1 и Обвинетелството на Русковска, но не само комшиски, туку и суштински, бидејки вакво апла пазарење, нема ни на Бит пазар, во смисла на изречените смешни казни од по 1-на година и условни казни... (тоа е, кога ти е Русковска жирант и кога од нејзе чекаш гаранции, си добиваш 1 година која никогаш нема да ја лежиш). Пазарџиите од Бит пазар со своте пиперки и патлиџани имаат повеќе чесност и интегритет од вашите дипломи и судски одлуки! Битно мене лупни ме 9 години, па пак лупни ме 9 години без ниеден доказ, на рекла-кажала со милион повреди на постапките и судот го обели лицето на правдата со мене ( жално и трагично )... а, бе како не ви е срам до толку да се брукате не ми е јасно???

— реклама —

Ееее, да ви предложам нешто, поради тоа што многу сакате мене да ме обвинувате и судите без докази и да ми изрекувате казни надвор од здрав разум, од ракав и омраза, дајте мене осудете ме на уште една казна затвор за сите криминали на Камчев во случајот Империја, за да го спасиме Камчев, греота е, па нели тоа е крајната цел на сите организирани структури на целиов циркуз ( случај Рекет за спас на Камчев ), мене осудете ме и за Империја, барем поштедете не од оваа брука и мизерија која ја вреѓа интелегенцијата на секој од нас...

Оној судијана претпоставувам дека фатил ларингит, поради предолгото читање на се она што сториле обвинетите, објаснувајќи ја таа финансиска шизофренија на Камчев, за на крајот, демек да ги казни... единствено на крајот фалеше да им се извини, заблагодари за вниманието и да им даде црвено велигденско јајце. Велат дека судијава бил дете на Кацарска, примен како судија додека таа била претседател... јасно како бел ден!!! За многу години Велики Четврток на сите верници, на крајот Господ ги суди сите овоземски неправди како оваа денешнава! Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски, објавено од администратор на профилот“, напиша Јовановски-Боки 13

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Boki-13-1

Боки 13 испадна помаж од многумина кои му избегаа на затворот, вели Божиновски

Коментари | пред 2 години

boki-13

Поради линчот и тортурата, здравјето на Боки 13 му е во алармантна состојба, а живот загрозен, кому му одговара да умре?, прашува правниот тим

Македонија | пред 2 години

boki-13

Коментар на денот: Државата, системот, моќници или кои и да е се решени да го убијат Боки 13

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-10-23-at-19.57.53

Која е докторката која не му дава терапија на Боки 13, со што му го загрозува животот

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања