Боки 13 сподели фотографии од Русковска и дел од Владата: Прво место за најдобра маска ја понесе женско лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
277557507_10225091577908965_5754551939603865076_n

Споделувајќи фотографии од половина тогашна Влада, обвинителката Вилма Русковска, тогашниот уредник во 1ТВ, Ацо Кабранов, а сите направени при одбележувањето на медиумот во Македонската Филхармонија, Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека првата награда за најдобра маска ја понело женско лице. Тој ја опиша како изгледа, но не спомена име.

— реклама —

Интегрално го пренесуваме статусот објавен на неговиот профил:

— реклама —

„На денешен ден 1 април 2019, во Македонскатаа Филхармонија беше фамозната и најзборувана прослава за годишницата на 1ТВ, во случајности не верувам, бидејки времето е најдобар показател дека случајности не постојат, па затоа од денешна дистанца гледам дека терминот и денот не биле случајни! Тогаш мислев дека правам роденденска церемонија ( никој не ми е крив што сакав да правам церемонии за лицемери додека истите ми го копаат "гробот " и да се правам важен ) , а од денешна дистанца констатирам дека тоа беше еден голем ГАЛА ПРВОАПРИЛСКИ МАСКЕМБАЛ и еден сериозен натпревар помеѓу присутните кој да ја понесе титулата за НАЈДОБРА МАСКА... Имаше и луѓе кои дојдоа без маска, со сопствено лице и став и единствено им благодарам на таквите... Првото место за НАЈДОБРА МАСКА на ГАЛА МАСКЕМБАЛОВ одржан на 1 април 2019 , во Филхармонија, ја понесе женско лице со исклучително автентична маска со стајлинг ала Бети Буп , во дезен на точкици, туфници, машни и други тракатанци адекватни на личноста и карактерот на истита! Имаше присутни кои беа маскирани во луѓе, пријатели, другари, роднини и соработници... се и сешто!!!

— реклама —

По завршувањето на официјалниот ГАЛА маскембал имаше и првоаприлски афтер парти, каде победничката на маскембалот беше највесела, пееше, пиеше, играше, се вртеше као на рингишпил и на крај не можевме по скали да ја симнеме за да си оди дома!!! Се поставува едно прашење и една констатација... Што правиме кога маските паѓаат и кога останувате со вашето лицемерие, злоба и користољубие? На оваа држава доста и од маски и маскирани, потребни и се луѓе со ЛИЦЕ, СТАВ И ИНТЕГРИТЕТ!!! Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски Објавено од страна на администратор на профилот“, е споделено на профилот на Боки 13.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Boki-13-1

Боки 13 испадна помаж од многумина кои му избегаа на затворот, вели Божиновски

Коментари | пред 2 години

boki-13

Поради линчот и тортурата, здравјето на Боки 13 му е во алармантна состојба, а живот загрозен, кому му одговара да умре?, прашува правниот тим

Македонија | пред 2 години

boki-13

Коментар на денот: Државата, системот, моќници или кои и да е се решени да го убијат Боки 13

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-10-23-at-19.57.53

Која е докторката која не му дава терапија на Боки 13, со што му го загрозува животот

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања