Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Боки 13 за пресудата: Ременски ја ослободиле по јавување од Ковачевски, имам пораки дека Заев учествуваше во Меѓународен сојуз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1942279_boki_ls

Бојан Јовановски – Боки 13, во својата најнова епизода од подкастот, говореше за повторната постапка и новата пресуда поврзана со случајот „Меѓународен сојуз“.

„Пресудата беше укината и требаше да се суди повторно. Таа е манлива по многу основи – од погрешно утврдена фактичка состојба до суштински повреди на постапката. Сепак, повторно се враќа кај истиот судија. И тука настанува конфликтот – судијата што еднаш те осудил, поради суета, нема да се предомисли, без разлика што можеш да му докажеш сè, како што направив јас“, изјави Јовановски.

— реклама —

Тој тврди дека во повторената постапка доставил нови докази, меѓу кои и вештачење изготвено од професорот Орце Симов. Според Боки 13, анализата на телефонот покажала комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев, за кој, како што вели, „директно учествувал во разговори и активности поврзани со Меѓународниот сојуз и проектот за старечки домови“.

— реклама —

„Овие кои наводно се оштетени, ми ги донесе Александар Кирацовски, а и Сиљан Мицевски беше вклучен во целиот процес“, изјави Јовановски, додавајќи дека „од Заев, преку Стефан Богоев, Наташа Петровска, па сè до Горан Сугаревски – сите биле вклучени во идејата и подготовките за проектот со старечките домови“.

Тој остро ја коментираше и ослободителната пресуда на поранешната пратеничка Фросина Ременски, за која рече дека „била директно вклучена“ во проектот.

— реклама —

„Фросина Ременски која активно учествуваше во сето ова, беше ослободена по јавување на Ковачевски. Замислете – ако таа беше мој помагач и влијаеше на луѓето да влезат во проектите, а сега ја нема, тогаш кој влијаел? На крај, сè се става на мој грб – како јас да сум бил премиер, пратеник, министер и перач на пари во едно“, рече Јовановски.

— реклама —

Тој додаде дека други обвинети кои признале вина за перење пари добиле условни казни, додека тој добил драстична затворска пресуда рамна на тоа како да убил човек.

„Јас не молчев, и нема да молчам. Ова е борба против неправдата“, порача Јовановски-Боки 13 во својот подкаст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

277921692_356670213175720_235751929569841241_n

„Правдата е спора, но достижна“, вели Боки 13 по ослободителната пресуда

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
IMG_3884

Боки 13 доби ослободителна пресуда по години судење за Меѓународен сојуз

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryiblnp0ssns54boEWJkp

(Видео) Боки 13 настапи со Карлеуша во „Јане Сандански“, ја изведоа „Калигула“, па тој ја пееше „Све“ и „13 причини“

Сцена | пред 3 седмици

media-library2668f2mn3o423d6lOcb

(Видео) Неславен крај на настапот на Боки 13: „Паднав и се утепав – нога, рака, лакт“

Сцена | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања