Болницата во Куманово ќе се загрева со природен гас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
264959669_2834078340232514_5387120400649171455_n

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека е завршена гасификацијата на Општата болница во Куманово, со што, оваа здравствена установа целосно ќе се загрева со природен гас.

— реклама —

Филипче вели дека 28 објекти од здравствениот сектор ќе станат енергетско-ефикасни.

— реклама —

„Во тек се проекти за енергетска ефикасност на 28 објекти од здравствениот сектор. Во проектот се опфатени Клиниката за физикална медицина, во Козле, ЗД во Валандово, Кратово, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Св. Николе, Штип, Поликлиника Идадија во Скопје, УК за Психијатрија, како и повеќе здравствени институции, станици во селата Карбинци, Пештани, Белчишта, Бучин, Герман, Ранковце, Зрновци, Блатец и Извор“, стои во објавата на фејсбук профилот на министерот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања