Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Болниците полни, бројот на позитивни од ден во ден се поголем - ќе има ли полициски час?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Инфективната болница е преполна, модуларната ги отвори вратите за пациентите, а во болниците во внатрешноста е критично. Состојбата, според лекарите, е алармантна. Се поизвесен е полицискиот час.

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје.

Само вчера регистрирани беа 641 заразени, а починаа 12 лица.

— реклама —

Во ГОБ „8 Септември“ петмина лица се на респиратор, а таму во моментот се лекуваат 47 пациенти.

Во Козле хоспитализирани се четири деца и шест мајки. Во болницата во Битола се 52, а во болницата во Штип 50 пациенти.

— реклама —

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци, се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

— реклама —

Министерот за здравство Венко Филипче предупреди дека болничките капацитети се еден од главните параметри, па ако овие капацитети се исполнуваат тогаш ќе препорачаат целосна рестрикција во движењето, односно полициски час.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, оздравени се 17.905, а починаа 862.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања