Промени тема
Контакт

Бони Тајлер повеќе не е во кома, но и натаму е во тешка состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-librarye1orh2ta3kjj6R0iTf0

Пејачката Бони Тајлер се разбудила од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува откако доживеала срцев застој по итна операција.

Како што пренесуваат британските медиуми, 75-годишната музичка ѕвезда во мај била подложена на хируршка интервенција поради проблеми со цревата, при што ѝ било отстрането слепото црево. По операцијата, лекарите морале да ја реанимираат поради срцев застој.

„Бони повеќе не е во кома, но сè уште е во тешка состојба. Иако нејзината состојба се подобрува, процесот на закрепнување е бавен“, изјавил претставник на пејачката за „The Sun“.

— реклама —

Според информациите, Тајлер и понатаму се наоѓа на Одделот за интензивна нега во болница во Фаро, но лекарите очекуваат таа целосно да закрепне.

Нејзин близок пријател, Либерто Меалја, открил дека здравствените проблеми започнале во Лондон, каде што пејачката побарала лекарска помош, но првичните прегледи не покажале ништо сериозно.

— реклама —

„Таа реши да отпатува во Алгарве, каде што почна да чувствува силни болки во стомакот. Два дена подоцна замина во приватна болница, од каде итно беше префрлена во болницата во Фаро бидејќи ѝ пукнало слепото црево и мораше веднаш да биде оперирана“, изјавил Меалја.

— реклама —

За полесно закрепнување, лекарите ја ставиле во индуцирана кома, соопштил претходно нејзиниот тим.

Поради здравствената состојба, сите настапи на Бони Тајлер се откажани до крајот на август. Нејзиниот менаџмент им се заблагодари на обожавателите ширум светот за поддршката и пораките со желби за брзо оздравување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjq8j4qmfs9vk2qyamtP

Почина британската пејачка Бони Тајлер, позната по светските хитови од 80-тите

Свет | пред 1 месец

media-libraryvu3t4fmje9kp6cGSWns

Почина Бони Тајлер – светот се простува од легендарната пејачка

Сцена | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања