„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Борба за Влае“ не се откажува, битката со Стевчо Јакимовски трае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
275552047_102438492404747_6133049293040846306_n

Иницијативата „Борба за Влае“ која брои жители на населбата, објави дека примени се анкетните листови потпишувани во неделата како петиција. Нивната цел е да не се носи предложениот ДУП и да не се остварат најавите од градоначалникот Стевчо Јакимовски кој најави зграда од 11 ката, црква, градинка и монтажна катна гаража на плоштадот „Делфина“.

— реклама —

Нивната објава во целост:

„Ново утро, нови информации од луѓето кои пробуваат да ги поднесат анкетните листови.

— реклама —

Добри вести - Општината ги прими групните анкетни листови кои беа потпишувани во неделата како петиција (откога една сосетка самоволно ги донесе во 12ч)

Лоши вести:

1. Месна заедница во Влае 2 не ги прима анкетните листови на луѓето кои немаат адреса во Влае 2, независно дали имаат имот таму за кој си поднесуваат анкетни листови. Листовите на дел од одбиените луѓе кои пробале во Општина да поднесат биле прифатени, на дел не биле прифатени.

Оние кои биле одбиени нека ни пишат за да пробаме правно да реагираме. За ова би ни требала и правна помош, па ако некој сака стручно да ни помогне би ни било од корист.

2. Ни јавија дека во Месна заедница 2 има луѓе кои не се вработени во Општината (најверојатно) кои покажуваат стари ДУПови на кои на парцелите ги нема спорните локации за кои поднесуваме анкетни листови.

Најверојатно се обидуваат да ги предомислат луѓето кои се обидуваат да поднесат. Ова, во комбинација со спорото работење и одбивањето од човекот кој треба да завери, може да е доволно некои луѓе да се откажат и да не ги поднесат своите анкетни листови.

Затоа на сите кои сакаат да ги поднесат своите анкетни листови им порачуваме: Бидете упорни! Општината се труди да го закочи процесот. Наше е да не им дозволиме. Ако се обидуваат да ви покажат друг ДУП, проверете на овој линк дали навистина така е во предлог ДУПот против кој се бориме. (Синтезен план - https://karpos.gov.mk/.../08/SZ-19-_-Sintezen-plan-1.pdf) Ако не ви ги примаат анкетните листови кажете им дека им се закануваме со тужба бидејќи нивна должност е да ги примат, а Секторот за Урбанизам одлучува дали пишаните забелешки се основани. Остануваат уште нецели 3 дена за да ги поднесуваме нашите Анкетни листови. Не се откажуваме!“, пишуваат од „Борба за Влае“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library55r141dsruck4NF1hnc

Голем дел од Скопје вечерва без вода или со слаб притисок поради дефект во Влае

Скопје | пред 2 месеци

444444

(Видео) Стојанче Ангелов: Пожарот во скопски Карпош 4 е ставен под контрола

Скопје | пред 4 месеци

soo

(Видео) Сообраќајка на влезот од Влае, гужва на Партизанска

Скопје | пред 8 месеци

borba-za-vlae

Во чии џебови завршија пари за инвеститорот да плати 285 денари за м2 за дел од улицата Есперанто, велат од Борба за Влае

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања