Валентина Божиновска, ексфункционерка од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „А1он“ тврди дека во овој момент нема да може да придонесе со свој ангажман во Стратешкиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но дека се надева на идна соработка.
„Почитуван министер, Ви благодарам за поканата и за Вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравувам, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да допринесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава“, вели Божиновска.
извор: „А1он“