Промени тема
Контакт

Божјата љубов чини скапо: МПЦ го оштети државниот буџет со 2,3 милиони евра!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
stefan

Со продажбата на градежното земјиште наспроти „Холидеј ИН“ на МПЦ, Министерството за транспорт и врски го оштетило буџетот за повеќе од 2.3 милиони евра – покажува пазарната анализа за цената по која Министерствто го продало земјиштето на Македонската Православна Црква.

На мрежата за продавање и купување „Пазар 3“, цената на еден квадрат земјиште на оваа локација чини скоро двојно поскапо од цената што МПЦ и ја платила на државата.

Од МПЦ, за еден метар квадратен платиле 312 евра за квадрат, а на „Пазар 3“, цената на оваа локација е 577 евра за метар квадратен.

Плац од 75,8 метри квадратни, се продава за 45.000 евра:

— реклама —

Матемтиката вели дека за 9.000 квадратни метри – колку што изнесува целиот простор – МПЦ и нивниот деловен партнер заштедиле неверојатни 2,3 милиони евра, затоа што цената е далеку пониска од пазарната. Ова се пари кои во нормални услови би завршиле во Буџетот на Република Македонија.

— реклама —

НОВА ТВ објави документи кои покажуваат дека ова земјиште претходно е проценето дека вреди 640 евра по метар квадратен. Вредноста од 640 евра ја утврдил проценител за имотот на МПЦ кој е на истата градежна парцела и тоа уште уште во 2010 година.

Фирмата „Обновители“ во сопственост на Македонската православна црква која што нема вработени освен управител, свештеник од с. Кадино, 8 години не се занимавала со градежништво, е таа која што на сметката на Министерството за транспорт и врски уплатила 2,3 милиони евра. Нивниот бизнис партнер, Зоран Антиќ и фирмата М.Г. „Фешн“ дале само 500, 000 евра, за министерството да им продаде 9000 метри квадратни по цена од 312 евра, во 4 очи. Потпис на договорот удрил министерот Горан Сугаревски, кој обврзан со законот мора да продава по таа цена брифираат од неговиот кабинет.

— реклама —

-Продажбата на државното земјиште со површина од 9.000 квадратни метри е направена според Законот за градежно земјиште по цена утврдена во Уредба донесена од Владата во 2016 година која важи за физички и за правни лица. При тоа е земена повисоката цена која е утврдена за деловен простор, а согласност за законитоста даде и државниот правобранител. – велат од Министерството.

Извор:lider.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања