Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Бран откази во Н1: Десет новинари заминуваат од телевизијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
media-library6nd8o79vpn0ma2OJ5e6

Десет новинари на српската телевизија Н1 дале отказ во период кога медиумот се соочува со притисоци од новите сопственици, објави неделникот „Време“.

— реклама —

Меѓу новинарите кои заминуваат се искусната новинарка и водителка Даница Вучениќ, репортерките Жаклина Таталовиќ и Ксенија Павков, како и Жана Булаиќ, Наташа Миљковиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ана Новаковиќ, Сања Косовиќ, Адам Сантовац и Димитрие Ѓуриќ.

— реклама —

Ова се случува во период кога редакцијата на порталот Nova.rs, според објавените информации, е изложена на притисок од раководството поради одбивањето да прифати наметнување нов главен уредник. Во редакцијата постои стравување дека таквиот потег би можел да го загрози независното новинарство.

За заминувањето на колегите на социјалната мрежа Икс се огласи и новинарот на Н1, Младен Саватовиќ, кој им посака успех и се осврна на годините поминати во редакцијата.

— реклама —

„На моите колеги кои решија да заминат и да се откажат од Н1 им посакувам сѐ најдобро и среќа. Неверојатни 12 години се зад нас, во мојот случај осум. Направивме многу како редакција, за учебници, на што треба да бидеме горди. И веројатно ќе се видиме повторно во нов филм, како што би рекле некои луѓе“, напиша Саватовиќ.

— реклама —

Според текстот, случувањата доаѓаат девет дена пред изборите закажани за 25 октомври, во време на зголемена загриженост за независноста на медиумите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 1 ден

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 3 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања