Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ученик во Чачак им се заканувал на врсниците: „Ќе поминете полошо од децата во Рибникар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Балкан
uciliste

Вознемирувачки случај е пријавен во Машинско-сообраќајното училиште во Чачак, Србија, откако ученик од втора година, според наводите, им се заканувал на соучениците дека ќе поминат полошо од децата во училиштето „Рибникар“.

— реклама —

Според информации на агенцијата РИНА, ученикот наводно им кажал на врсниците дека има список со нивните имиња, по што исплашените ученици го пријавиле случајот.

— реклама —

Директорот на училиштето, Владaн Поледица, потврдил дека се случил инцидентот, но нагласил дека никој не го видел наводниот список и дека не е сигурно дали тој воопшто постои.

— реклама —

Полицијата веднаш била известена, а ученикот дал изјава во присуство на својот татко. За случајот биле информирани и Школската управа и Министерството за образование. Во училиштето бил одржан родителски состанок, а за понеделник е закажана седница на стручниот тим.

— реклама —

Директорот посочил дека, иако можеби станува збор за обид на ученикот да го привлече вниманието, ваквите закани мора веднаш и сериозно да се сфатат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryrei0au8rocj73Wzf8Yj

Снег ги зафати Србија и Сараево, Златибор веќе под снежна покривка од над 10 сантиметри

Балкан | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryqh3jha9c6t2jb79ghka

Чупиќ се воздржа од коментар за спорот меѓу Македонија и Бугарија, но повика на помош од ЕУ

Балкан | пред 20 часа

media-libraryitev5b8csagm8ka59r7

Реслер: Реакциите од Србија за резолуцијата за Вуковар не се охрабрувачки

Балкан | пред 22 часа

media-library8su9eqc6gef76el6cYQ

Српското движење за обнова ќе го поддржи Радомир Саичиќ на претседателските избори

Балкан | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања