Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Снег ги зафати Србија и Сараево, Златибор веќе под снежна покривка од над 10 сантиметри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Балкан
media-libraryrei0au8rocj73Wzf8Yj

Снежни врнежи од синоќа ги зафатија Србија и Сараево, додека во Македонија маглата ја отежнува видливоста на делницата Куманово – Страцин.

— реклама —

Најмногу снег во Србија наврна на западот на земјата, на Златибор, каде што снежната покривка надминува 10 сантиметри. Снег паѓа и во централните делови, Шумадија и повисоките предели околу Белград, додека во долината на Велика Морава, покрај Дунав и во источните и североисточните делови врне силен дожд.

— реклама —

Снежни врнежи има и во Сараево, каде што снегулките ги обелеа ридските населби и околните возвишенија.

Во Македонија, според АМСМ, видливоста на патниот правец Куманово – Страцин е намалена на 100 метри поради магла. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања.

— реклама —

На повеќе патни правци се во сила времени измени поради градежни работи, меѓу кои на делниците Градско – Дреново, Велес – Неготино, Штип – Радовиш, Гевгелија – Богородица, Кичево – Охрид и Гостивар – Кичево.

— реклама —

Возачите потсетуваат дека зимската опрема е задолжителна од 15 ноември до 15 март, независно од временските услови. Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите возила од 17 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryqh3jha9c6t2jb79ghka

Чупиќ се воздржа од коментар за спорот меѓу Македонија и Бугарија, но повика на помош од ЕУ

Балкан | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryitev5b8csagm8ka59r7

Реслер: Реакциите од Србија за резолуцијата за Вуковар не се охрабрувачки

Балкан | пред 17 часа

media-library8su9eqc6gef76el6cYQ

Српското движење за обнова ќе го поддржи Радомир Саичиќ на претседателските избори

Балкан | пред 17 часа

media-libraryn3ln91mf5bpc1iLXRQe

(Видео) Студентската листа го објави кандидатот за претседател на Србија: академикот Радомир Саичиќ влегува во трката

Настани | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања